|
TenStep Project Management Process®
(TenStep) ќе им помогне на проектните менаџери
успешно да менаџираат проекти од секаков вид. На многу веб
страници за проектен менаџмент ќе ве препратат на линкови да
порачате книги. На други пак ви даваат забелешки од професори од
нивните предавања на факултет. TenStep
процесот на проектен менаџмент ви ги дава
потребните информации за да може бидете успешен проектен
менаџер, вклучувајќи го и пристапот чекор по чекор кој започнува
од најосновните работи и оди кон најсофистицираните, токму онака
како што ви се развива и проектот на кој работите. |
НАСКОРО!
Зачленување
Пристап до повеќе содржини од
TenStep
процесот на проектен менаџмент
ќе биде достапен за
Членови и Лиценцирани корисници.
Членството е бесплатно.
|
TenStep процесот на проектен
менаџмент е методологија за менаџирање на работата како проект.
Дизајнирана е да биде флексибилна како што е потребно на ваиот проект.
На пример нема да има смислам да потрошите многу време на менаџмент на
ризици за проект за кој се потребни 500 часови на труд и е сличен на
многу проекти кои претходно сте ги работеле. Ова не значи дека треба да
ги игнорирате потенцијалните ризици, туку едноставно да не торшите толку
многу време како на друг проект (на пример за еден проект со кој
импленетирате нова технологија). Овој флексибилен и скалест пристап е
видлив преку TenStep процесот и тоа е
областа која ја прави оваа методлогија различна од другите.
Во Алиса со земјата на чудата кралот и вели на Алиса
„започни на почетокот и потоа оди додека не стигнеш до крајот, тогаш
застани„. Овие зборови може исто така да опишат проект. Без оглед на
природата на проектната работа процесот на проектен менаџмент помага во
дефинирање на почетокот и крајот на проектот и дава рамка за менаџирање
на целата работа.
Изразот „проектен менаџмент„ се однесува на дефиницијата
и планирањето, потоа на мониторингот, контролата и завршувањето на
проектот. Пред да започнете треба да препознаете дека сите проекти имаат
потреба од одредено ниво на проектен менаџмент. Вие тоа го правите
денес, иако можеби само во вашата глава преку размислување. Колку е
поголем проектот, толку е покомплексен и има потреба од поголема
формалност, стандард, структуриран процес. Вие може во глава да
менаџирате проект од двајца луѓе и 200 часа во вашата глава. Но нема да
може да менаџирате пет луѓе и 1000 часа во вашата глава. Проект од десет
луѓе со 5000 часа на труд бара поформален менаџмент, а проект од 20 луѓе
и 20,000 часа бара многу повеќе.
Очигледно постои трошок кој е поврзан со трудот за
проектниот менаџмент. Вие сакате да бидете сигурни дека ќе го примените
вистинското ниво на проектен менаџмент за проектот за да се осигурате
дека вредноста која е собрана е поголема од настанатиот трошок.
За подобро да се разбере TenStep
процесот, прво да ги погледнеме прибодивките кои ги имаме со користењето
на TenStep. Да ревидираме некои основни
претпоставки на TenStep assumptions
и да добиеме преглед како работи
TenStep процесот на проектен
менаџмент.
-
0.0.1
Вредноста на проектниот менаџмент
o
0.0.1.1 Capability
Maturity Model
-
0.0.3
TenStep стил на пишување
-
0.0.4
Како да го користите TenStep
процесот
-
0.0.5 Водечки
принципи на TenStep
процесот
-
0.0.6
Преглед на TenStep процесниот
модел
-
0.0.8
Споредба на TenStep процесот
на проектен менаџмент со